Wednesday, December 4, 2013

                                                      КОЗМЕТИКА 
 Козметика се производи кои се користат за подобрување на изгледот или мирисот на човечкото тело.Козметиката вклучува креми за кожа, лосиони, пудри, парфеми, кармини, лак за нокти, шминка за очи и лице,влажни марамчиња, трајни фризури, кнтактни леќи за очи, фарби за коса, спрејови и гелови за коса, дезодоранси, дезинфекциски средства за раце, продукти за бебиња, масла за бањање, соли за бањање, путери и многу други типови на продукти.Подмножество на козметиката е „шминката“ кое се однесува на продукти во боја наменети за промена на изгледот на корисникот.Многу производители прават разлика помеѓу декоративна козметика и заштитна козметика.Зборот козметика потекнува од грчкиот збор κοσμητική τέχνη (kosmetikē tekhnē) што значи „уметност во облекувањето и украсувањето“,од зборот κοσμητικός (kosmētikos) што значи „вешти во средувањето и аранжирањето“ додека пак тој потекнува од κόσμος (kosmos) што меѓу другото значи „средува“ и „украсува“.
Мал број на мултинационални корпорации кои потекнуваат од раниот 20 век моментално доминираат со производството на козметика но дистрибуцијата и продажбата е раширена меѓу голем спектар на различни бизниси.Американската администрација за храна и лекови (ААХЛ) која ја регулира козметиката во Америка ја дефинира козметиката како :„наменета за да се применува на човечкото тело за чистење, разубавување, промовирање на привлечност или за промена на изгледот без да влијае на структурата или функцииите на телото“. Оваа широко распространета дефиниција исто така го вклучува и било кој материјал наменет за употреба како состојка од козметички производ.ААХЛ посебно го исклучува сапунот од оваа категорија.